Проверете ги сметките: Денеска исплативме 2,8 милиони денари субвенции за инвертер клими, објави градоначалникот Јовчески

Исплатени се субвенциите од општина Прилеп за набавка на инвертер клима уреди на оние граѓани кои аплицираа и ги исполнија условите од јавниот повик, информираше денеска градоначалникот Борче Јовчески.

-Денес, Општина Прилеп исплати вкупно 2.873.703 денари на граѓаните кои добија субвенции за дел од трошоците за набавка на инвертер клима уреди. Овие средства се доделени согласно јавниот повик, со кој беа опфатени 289 домаќинства, со цел поддршка на енергетски поефикасно и еколошки одржливо затоплување. Како Локална самоуправа, остануваме посветени на креирање на поквалитетни услови за живеење и на мерки што директно го подобруваат животниот стандард на нашите сограѓани – напиша Јовчески на ФБ.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.