Природен третман со билни масла за блескава коса

Доколку сакате за нега на косата и кожата исклучиво да користите природни состојки, тогаш маслата за коса се идеален третман за вас.

 

1

Еднаш во неделата на кожата на главата и по целата должина нанесете билно масло (бадемово, арганово, од сусам, кокосово) или било каква мешавина по ваш избор.

Потоа замотајте ја косата со најлонска фолија и над неа ставете затоплен пешкир.

Оставете го маслото да делува од 20 до 60 минути.

На крајот од третманот измијте ја косата со шампон.

Маслата за коса го потхрануваат влакното, на косата и даваат совршен сјај и мекост, и помагаат во спречувањето на келавоста.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.