Денеска во канцелариските простории на “Евротип” и “Голд Слот”, Црвен кpcт заедно со д-р Маргарета Јолевска и нејзиниот тим успешно спроведоа кpводapителcката акциja. “Евротип” и “Голд Слот” како општествено одговорни компании се водат по принципот на негување на xyманитарните вpeдности, а ваквите акции ќе продолжат и во иднина.
Во продолжение и кратко интервју со д-р Маргарета Јолевска:
Како помина крводарителската акција?
-Крводарителската акција помина успешно, задоволни сме. Ова е нашата втора акција со вработените од Евротип и Голд Слот.
Кои се придобивките од дарување крв?
-Има повеќе придобивки од дарување на крв и тоа: При дарувањето крв се прави системски преглед кај дарителот, мерење на пристисок и хемоглобин, испитување на крвта на трансмитивни инфекции сифилис, сида, хепатит Б и хепатит Ц. После десеетото дарување, дарителот е ослободен од партиципација за здравствени услуги и најважното од се е спасување на човечки живот.
На колку време е дозволено да се дарува крв?
-Дарувањето крв е законски одредено и тоа кај мажи три месци од дарувањето, а кај жени четри месеци од дарувањето.
Дали има разлика помеѓу „ машка и женска „ крв?
Не, нема разлика помеѓу машка и женска крв, секоја здрава крв спасува живот.
Кои се условите за дарување крв?
-Дарителот да е полнолетен, да е здрав под здрав се подразбира да не прима никава терапија и да нема хронични заболувања.
Дали може да се намали имунитетот после дарување крв?
-Не не може да се намали.
Која е вашата порака до сите граѓани?
-Би им препорачала на младата и здрава популација пред се да бидат хумани и да даруваат крв доколку се чувствуваат добро и здраво, да направат доброволен чин и да спасат живот. Голема благодарност би сакала да упатам до организаторите на овој настан, како и до вработените од Евротип и Голд Слот и се надевам дека ќе продолжи и понатаму оваа соработка , и ќе се зголеми бројот на дарители. Бидете хумани и вие и спасете нечиј Живот!