Прилепcките екипи газат се пред ceбе: Младocт 96 ocтанyва без пopaз на вpвот од табелата

Викендов во Спортскиот центар “Борис Трајковски” во Скопје, со почитување на мерките од протоколот за натпревари, се одржаа 11 и 12 коло од Супер лигата во пинг-понг.

Екипата на Младост 96 од Прилеп одигра еден натпревар со Вардар во рамките на 12-то коло, и прокнижи уште една висока победа од 4-0.

Натпреварот од 11-то коло против екипата на Струга не се одигра на барање на Струга. Сите играчи на Младост96 одиграа по еден натпревар и извојуваа по една победа.

Недостасуваше Костадиновиќ, кој треба да се приклучи наредните два викенди, кога се играат и дерби натпреварите со Шампиони ФА овој викенд, и со Телеком Нец2 наредниот викенд.

Доколку Младост96 успее да ги добие тие натпревари, во плеј офф би влегла со сите екипи со предност од 1-0.

Другиот клуб од Прилеп, екипата на Младост извојува две победи против Радовиш и Крива Паланка и остана на делба на второто место со екипата на Шампиони Фа.

На табелата Младост96 е прв, без пораз со две победи повеќе од Младост и Шампиони ФА и пет победи повеќе од Телеком Нец2.

Наредниот викенд се натпреварите од 13 и 14 коло, со екипите на Телеком Нец и Шампиони Фа.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.