Градот под “Марковите Кули” одново и денеска, со почеток од 18 часот, ќе маршира против воведување на двојазичност и против урнисување на македонското ткиво.
Прилепчани обединети и се побројни се мобилизираат и жестоко се спротивставуваат на така наречената “албанска платформа” за воведување двојазичност на целата територија на Република Македонија, воведување на двојазични банкноти, двојазични униформи на полицијата и војската, промена на државното знаме и химна, што би произлегло од прифаќањето на оваа платформа од страна на лидерот на СДСМ Зоран Заев.
Во изминатите два дена граѓаните масовно маршираа од споменикот “Прилепски бранители” пред хотел “Липа” до спомен комплексот “Карпалак”.
Вечерва се очекува кон протестите да се приклучат уште повеќе граѓани, до кои одекнаа патриотските извици и повикот за обединување.
На протестниот марш вечерва во Прилеп ќе присуствува и Сашо Гигов – Гиш кој ќе се обрати до илјадниците граѓани.
Вчера пред прилепчани со емотивен, патриотски говор се обрати актерот Владо Јованоски.