Прилеп ќе добие нов претседател на ОК ВМРО – ДМПНЕ! Кој е ваш фаворит?

Прва седница на новиот состав на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, на која меѓудругото се донесе одлука за генерален реизбор на претседатели на сите општински комитети.

На социјалните мрежи премиерот и претседател на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, информираше дека формирани се и нови партиски комисии, а покрај претседатели на општински комитети ќе се избираат и нови претседатели на Унијата на млади сили, Унијата на жени и Унијата на ветерани.

-Вечерва имаше прва редовна седница на новиот состав на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

Во рамките на кадровските освежувања, Извршниот Комитет донесе одлука за распишување на огласи за избор на нови претседатели на Унијата на млади сили, Унијата на жени, Унијата на ветерани и генерален избор на претседатели на сите општински комитети на ВМРО-ДПМНЕ.

Се донесе одлука за избор на повеќе претседатели на партиски комисии. За Претседател на Комисија за здравство избран е Сашо Клековски, за Претседател на кадрова комисија е избран Благоја Ташаминов, Претседател на комисија за безбедност и одбрана е Панче Тошковски, додека нов Претседател на комисија за туризам е Аккан Махмут.

За претседател на Градскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје е избран Златко Перински. Промени. Го слушаме гласот на членството -напиша Мицкоски.

Во Прилеп се’ уште актуелен претседател на општинскиот комитет е Дејан Проданоски, кој на минатогодишните локални избори беше избран за градоначалник.

Во комбинација се повеќе имиња, а граѓаните веќе имаат фаворити.

https://www.facebook.com/share/p/1ATUkCRsKZ/




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.