Револтирани ученици и родители денеска точно напладне излегоа на протести низ целата земја поради најавата за дигитализација во образованието и укинување на учебниците.
Освен во Скопје каде се одржа главниот протест, денеска се протестираше и во повеќе градови низ земјата, меѓу кои и Прилеп.
Голем број родители од Прилеп пред општината го искажаа својот револт од најавените реформи во образованието на министерката Мила Царовска.