Прилеп: Со автомобил удрил во жена и побегнал

-На 20.09.2024 во 18.50 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на ул.„11 Октомври” во Прилеп, патничко возило удрило во пешакот Ж.М.(56) од Прилеп, по што возачот го напуштил местото.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Ж.М., констатирани во Градската болница Прилеп. Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа од ОВР Прилеп – информираат од МВР.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.