Прилепчани едногласни и обединети како никогаш до сега. Река од луѓе се упати кон главниот град со една цел, да се одбрани и заштити државата од федерализација и двојазичност, да се пренесе пораката дека на овие простори постои една држава која доволно страдала и трпела поделби во минатото.
4000 прилепчани во 80 автобуси и стотици автомобили тргнаа да се изјаснат на референдумот за Македонија, да се изјаснат против разнебитување на македонскиот народ и негирање на државноста и уставноста.