Март е месецот кога ги славиме најсилните, најнежните и највредните – жените. Осми Март не е само датум, туку потсетник за љубовта, поддршката и благодарноста што им ја должиме секој ден. Тоа е ден кога мајките, сопругите, сестрите, пријателките, колешките… треба да почувствуваат дека се ценети, сакани и почитувани.
Токму затоа, во најраспеаната тераса во градот, во Pub Club Terasa, ве очекува викенд посветен на дамите – викенд со многу емоции, добра музика и атмосфера што се памети.
Музичка програма – Осмомартовски викенд:
Петок (06.03.)
Викендот започнува со омиленото прилепско дуо Боби и Никола, кои секогаш знаат како да ја разбудат публиката и да создадат топла, интимна атмосфера.
Сабота (07.03.)
Следува вистинска журка со енергичните ARTIUM BAND, бенд кој гарантира танцување до доцна во ноќта и забава без пауза.
Недела – 8 Март
Двојна музичка доза за најубавиот празник:
🔹 Од 13:00 часот – дневна забава со LOCKDOWN
🔹 Вечерта – големо финале со METROPOLIS BAND, за да се заокружи празникот во вистински стил.
Овој викенд нека биде посветен на жените – со наздравување, со насмевки и со песни што ќе останат долго во сеќавање.
📞 Резервирајте навреме на тел.бр. 070-304-967 и обезбедете го вашето место за најубавата осмомартовска прослава во градот.




























