“Прилеп се гуши…ова е опасно по живот? Градоначалникот ужива во двојазичноста и новото име??”

Неодамна Прилеп ја доби првата мерна станица за квалитет на воздухот.

Резултатите овие денови се поразителни и покажуваат дека прилепчани дишат многу загаден воздух.

Синоќа во 22 часот преку веб апликацијата “Moj воздух”, можеше да се забележи дека Прилеп е најзагаден во цела Македонија.

Мерната станица поставена на општинската зграда покажа високи 716 микрограми на метари кубен ПМ-10 честички.

Ништо поразлично не беше и пред два дена, кога во истиот временски интервал, загадувањето беше 572 микрограми на метари кубен ПМ-10 честички.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.