Прилеп подготвен за чествувањето на градскиот патрон Св. Никола

Прилеп е подготвен за прослава на големиот христијански празник Свети Никола, патрон празник и заштитник на градот

По тој повод градоначалник на Општина Прилеп, Борче Јовчески ги поканува сите граѓани да присуствуваат на чествувањето на патрониот празник, кој се одржува во центарот на градот, пред параклисот Св. Никола, изграден во чест на патронот.

„Св. Никола е заштитник на градот и наш голем христијански празник. По тој повод на 19 декември, в понеделник, во центарот на градот, пред параклисот Св.Никола, во 12.00 часот, ги поканувам сите мои сограѓани да присуствуваат на чествувањето на градската слава и да бидат дел од одбележувањето на патронот на градот.“
Чествувањето на градската слава (19.12.2022 година) ќе започне во 08.00 часот со свечена божествена литургија во

Црквата Св. Благовештение со која ќе чиноначалствува митрополитот Преспанско-Пелагониски, г.Петар, а во 12:00 часот пред Параклисот на Св. Никола, во центарот на градот, ќе следи водоосветување и прережување на празничниот колач.

Домаќини на годинашната градска слава се сопствениците на компанијата „Теракота Инижинеринг“ кои за посетителите ќе имаат подготвено посна трпеза, со традиционалните светиниколски сарми, грав и пијалоци.

Св.Никола е прогласен за патрон на Прилеп пред 17 години. А, Прилеп и Македонија во 2008 година влегоа во Гинис, со најголемата порција светиниколски сарми, сите со големина на лешник.

– Дополнително известување: В сабота на 17.12.2022 во 10:00ч градоначалникот ќе го посети спомен-домот на Блаже Конески во Небрегово заедно со делегација од Музејот во Прилеп, по повод 101 година од раѓањето на Блаже Конески.

– В недела на 18.12.2022 ќе присуствува на традиционалното одбележување на празникот св. Никола во населбата Жабино Маало во 12:00 часот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.