Денеска Прилеп ја одбележа 95 годишнината од смрттна на својот сограѓанин Ѓорче Петров, една од најмаркантните личности во македонската историја, Ѓорче Петров, односно Георги Петров Николов, е роден на 2 април, 1865, во Варош, во Прилеп, а загинал во Софија на 28 јуни.
По повод 95 годишнината од смрта на Ѓорче Петров, денеска на споменикот, лоциран во центарот на Прилеп, преставници од локалната самоуправа и Советот на Општина Прилеп , предводени од градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески , преставници од СОУ „Ѓорче Петров“, чии име на овој револуционер е патрон на оваа образовна институција , претставници од СБРМ , општинската организација- Прилеп , граѓани и граѓански здруженија, положија свежо цвеќе и се поклонија на бистата на револуционерот кои го дал животот за македонската кауза.
„Тој е личност кој останал доследен на македонската идеологија, борејќи се за слободна, обединета и независна Македонија. Денеска како горди прилепчани, кои дале илјадници жртви за слободна Македонија, се поклонуваме пред споменикот на нашиот сограѓанин, чии дела биле насочени кон слободна Македонија, за што и го дал и својот живот. Денеска неговите идеали ги продолжуваат неговите потомци, идните генерации Македонци, кои се залагаат за зачувување на самостојна и независна Македонија, за нејзина поголема економски просперитет и евроатланска ориентација и интеграција “- истакна градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески.
Воедно, делагцијата од локалната самоуправа, Советот на Општина Прилеп, преставници од СОУ „Ѓорче Петров“, преставници од Општинската боречка организација од Прилеп , граѓани и граѓански здруженија, положија свежо цвеќе и пред спомен куќата на Ѓорче Петров, која се наоѓа во населбата Варош.
„Ѓорче Петров е личност која остана доследен на македонската идеологија, борејќи се за слобода на Македонскиот народ, и по Илинденското востание. Тој ќе остане засекогаш столб во македонската историја како идеолог, револуционер и борец за самостојна и независна држава Македонија и пример на идните генерации како се сака татковината„ – истакна д-р Круме Соколоски од општинската боречка организација од Прилеп.
Прилепчанецот, Ѓорче Петров е еден од најсветлите примери во борбата за независна и целовита македонска држава и токму поради вавките свои идеи и делувања во рамките на организацијата на ВМРО, станува симбол на братоубиствена политика. Загинува во Софија, 1921 година, убиен од страна на врховистите, пред 95 години.