Прилеп не доби ништо од Владата овие 5 години – Арачиново денеска доби 1.1 милион евра!

Владата на денешната седница одобри 1,1 милиони евра со кои ќе се санира каналoт за отпадни води во општина Арачиново, објави првиот вицепремиер Артан Груби.

Владата усвоила одлука за спроведување постапка за јавна набавка за регулирање на одводниот канал во оваа општина.

„Исклучително важна инвестиција во вредност од околу 66 милиони денари во служба на квалитетниот живот на жителите на Арачиново“, објави министерот за политички систем.

Владата на денешната седница, по предлог на министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, ги усвои Информацијата за повеќегодишната јавна набавка за финансирање на активностите за изградба на фекална канализација во населеното место Страчинце, Општина Гази Баба, Информацијата за финансирање на активностите на Проектот – Регулација на дел од Ободен канал во населено место Арачиново, Општина Арачиново, како и Информацијата за финансирање на активности за реконструкција на системот за водоснабдување Богданци.

Овие проекти се дел од инвестициската програма на Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП), во делот за финансирање проекти за водоснабдување и изградба на примарна и секундарна канализација и се во согласност со стратешките приоритети на МЖСПП за развивање современа и функционална водоводна инфраструктура, заштита на животната средина и подигање на степенот на социјален развој и квалитет на живот во сите општини во нашата држава.

Покрај тоа, прифатено е барањето на Министерството за земјоделство за надомест на штета на земјоделците од поплавите во 2016, 2017 и 2018 година во вкупен износ од 10% од претрпената штета.

„За брзо време ќе започне и процесот на исплата на предвидените средствa“, додава Груби.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.