ПРИЛЕП НАЈФЕСТИВАЛСКИ ГРАД НА БАЛКАНОТ (ФОТО+ВИДЕО)

BeFunky Collage

„Пиво фест“, карневалот „Прочка“, театарскиот фестивал „Војдан Чернодрински, фестивалот на народни песни и инструменти „Пеце Атанасовски“, фестивалот на изворен Балкански фолкор, Џез фестивалот, Прилепско културно лето, меѓународните ликовни колонии, се само дел од огромниот број на културни манифестации кои во последните неколку години станаа вистински препознатливи брендови не само за Прилеп туку и за цела Македонија.

DSCN9429 Markukule.mk

DSCN9485 Markukule.mk

DSCN9591 Markukule.mk

Локалната самопуправа посветува огромно внимание за промоција и одржување на овие фестивали, кои годишно на Прилеп му носат илјадници гости од целиот свет. Градот под Марковите кули стана витински центар на тој т.н. фестивалски туризам кој моментално е светски тренд. Секако од тоа голем економски бенефит имаат градот, чаршијата, угостителските објекти и хотели.

1211

DSC2942Markukule1

DSC2888Markukule1

Нема град во Македонија и пошироко кој има толку многу културни манифестациии и фестивали како Прилеп. Во секој дел од годината се одржува по еден ваков поголем настан, а со овие манифестациисе задоволени сите уметничнички и музички вкусови.

11

Прилеп иако нема море, езера или национални паркови во својата околина, сепак го пронајден својот рецепт за привлекување на туристи кој досега функционира одлично. Прилеп веќе е ставен како место за посета на мапата на голем број тур оператори и туристи од странство.

DSC_0054-Markukule

IMGL7298

IMGL7132

Од локалната самоуправа истакнуваат дека и во иднина ќе се промовираат уште многу вакви нови настани кои ќе ја збогатат културната и фестивалска понуда на Прилеп.

DSC3489Markukule

DSC3488Markukule

IMGL9772

Што се може да се види и посети во Прилеп во текот на годината може да погледнете во видеото.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.