Не запира отпорот на прилепчани кон платформата од Тирана. Граѓаните на градот херој и вечерва на нозе, во огромен број, како што доликува, против урнисувањето на државноста и унитарноста на државата.
Долга беше реката од народ и вечерва низ градските улици во Прилеп, а граѓаните повторно упатија жестоки пораки кон трговците со македонското знаме, химна, грб и јазик.
“Платформата од Тирана мора да биде повлечена, предавниците на својот народ ќе останат забележани во историјата, а новите генерации ќе се срамат од нив”, порачаа прилепчани.
Илјадниците присутни на вечерашниот марш “За заедничка Македонија” се заблагодарија на тврдокорноста на претседателот на државата Ѓорге Иванов, а гневно се обратија кон лидерот на опозицијата Зоран Заев, нарекувајќи го предавник на македонскиот народ.
Протестите во Прилеп продолжуваат и утре, со почеток од 19 часот, пред хотел “Липа”.