Илија Ристески од Прилеп е избран за член на новиот Извршен Комитет на УМС на ВМРО- ДПМНЕ.
Ристески и досега имаше големи заслуги во градењето на политиката за млади на партијата. Со неговото искуство и знаења стекнати на многубројни домашни и меѓународни обуки и семинари, несомнено ќе биде вистински репрезент на младите во ова највисоко тело на Унијата на млади сили.
-Ми претставува чест и задоволство да ве известам дека сум член на новиот Извршен Комитет на УМС на ВМРО- ДПМНЕ.
Младите се двигателот и силата на промените во едно општество. Со мојата енергија, капацитет и можности максимално ќе се вложам за промените во Македонија, кои ќе почнат од младите! Особена благодарност до претседателот на УМС Сергеј Попов за укажаната доверба да бидам дел од тимот кој ќе ги донесе победите и промените во Македонија!
Да живее УМС! Да живее Македонија! – напиша младиот прилепчанец на ФБ.