Попладнево се одржа првата седница на новоизбраниот Надзорен одбор на СДСМ, на којашто покрај членовите присуствуваа генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски и организациониот секретар, Мартин Попов.
За претседател на Надзорниот одбор на СДСМ е избран Горан Сугаревски а на оваа седница се поставија и темелите за понатамошна работа.
Надзорниот одбор на партијата е важен орган, задолжен за надгледување на финансиската и деловната активност, за оценување на статутарноста на актите и одлуките кои се носат, а надлежен е и за спроведување на Етичкиот кодекс за однесување.
Надзорниот одбор на СДСМ во иднина фокусот на работата го става токму на одговорноста, отчетноста и почитувањето на Етичкиот Кодес од страна на сите избрани и именувани функционери, но и на сите членови.
Сугарески останува функционер на партијата со најдолг стаж. Во својата политичка кариера беше советник во општина Прилеп, во неколку мандати пратеник во Собранието, Министер за транспорт и врски, а сега е директор на Царинската управа.
Исто така Сугарески беше и координатор на пратеничката група на СДСМ.
Според едни Сугарески со оваа функција си ја забетонира кандидатурата за градоначалник на престојните локални избори, но според шпекулациите постои и крило во ОО СДСМ Прилеп кое не се согласува со овие одлуки.
Што и како ќе биде, останува да видиме во периодот кој следи…