Штотуку започна 16-то издание на Меѓународниот карневал “Прочка 2017”. Градскиот плоштад “Методија Андонов-Ченто” е преполн, организацијата на високо ниво, учесниците и гостите се забавуваат под маски во сите локали.
На трасата од ЦК “Марко Цепенков” , низ булеварот “Гоце Делчев” до централната бина на плоштадот, ќе продефилираат илјадници маскирани учесници, а најдоврите ќе бидат наградени.