На денешен ден, пред една година, се случи ужасна сообраќајна несреќа во која животите ги загубија прим. д-р Александар Ристески, спец. гинеколог д-р Никола Василески и радиолошкиот технолoг Фанче Јованоска.
-Нивното отсуство и понатаму боли, но нивната добрина, нивното знаење и нивната љубов кон пациентите живеат со нас секој ден. Тие не се само дел од историјата на „Плодност“, туку засекогаш дел од нашите срца. Со неизмерна благодарност и тивка молитва, Мир во Царството Небесно, порачаа од болницата Плодност.