Девојките од Прилеп кои настапуваат за репрезентацијата на Австралија го освоија бронзениот медал во Карате Премиер лигата која изминатиот викенд се одржа во Дубаи.
Фантастичното трио составено од сестрите близначки Маријана и Мишела Димоски, заедно со Кириaна Камческа, за медал во Премиер лигата ја совладаа Русија со резултат 24.82 – 23.32.
Финалето им избега за половина поен, каде загубија од Иран, репрезентација која беше најдобра во групата.
Сепак, девојките добија најдобра оцена од сите женски тимови, дури и од прво и второ рангираните репрезентации.
Златото на крајот им припадна на репрезентативките од Италија кои ги добија Иранките до резултат 24.4 – 24.04.
Италија инаку е добар познаник на нашите девојки, против кои забележаа победа во Шангај.
Нареден предизвик е Салзбург Сериа А, каде Маријана и Мишела ќе настапат и во поединечна конкуренција.