Прилепчанка го прозва градоначалникот: “Медицинскиот кадар не знае што побрзо да направи, одговорете на мојата апликација, зарем кадарот мора да е од вашата партија?”

Фејсбук статус на Гордана Ристовска

“Господине градоначалниче Илија Јованоски Кризен центар/штаб Прилеп, Општа Болница – Прилеп “Борка Талески” – Прилеп.

Како имате недостиг на кадар?! А од внатрешни информации и од она што го гледаме е дека по една медицинска сестра не знае што да направи побрзо. Дали да зема крв, да дели терапија и одделенски и на оние што не се хоспитализирано кои одат и идат за терапија.

Зар тие немаат граница на толеранција, зар немаат сопствен живот, семејство?! Или се потрошен материјал за вас, бројка како и сите останати?!

Доста ги ротирате и ги малтретирате зошто на апликации на нов кадар не давате одговори? Зошто на кадар кој аплицира не го мобилизирате за да помогне, никаков повратен одговор не давате? И општо, зошто не мобилизирате кадар?! Ќе ја спасувате економијата и буџетот, економијата која одамна беше на стаклени нозе кои се скршија. А истата таа со жолчноста да се “спаси економски сектор” вие го убивте здравствениот систем!

Зар кадарот треба да биде од Вашата партија?????

И за крај чекам одговор на моја апликација, затоа што кога должноста повикува не се бега напротив се оди солидарно со останатите здравствени работници.

ПС последно прашање, кој го дава правото на директор на јавна здравствена установа да прогласува здравствен работник персона-нон-грата, “дур сум јас директор икс личноста нема да стапне тука”?

Чекам одговор, ова ви е последен апел да превземете нешто околу девијантноста што елитата од партијата (впрочем во која и вие спаѓате, само сте од понизок ранк/профитери) ви го диригира.

Следно е медумско покритие на случајот, да знае цел народ (не дека не знае) како и што им правите на луѓето.
Одговори очекувам на гореспоменатите прашања, воедно и зошто не добивам одговор на апликацијата за работа и испомош

во истата установа која има дефицит на медицински сестри?

Во прилог ќе ја ставам и истата.

ППС градоначалниче добро се држите, бункерот само каде ви е?! Човек не може да ве тагне, толку ли се плашите, а ветувавте брда и долине.

ПППС до партиските членови, ве замолувам човечки не ми нудете “помош” во пораки. Должноста кога повикува нема партија, само за вашата има критериум за книшка-не не ѐ работна книшка! Ве замолувам. Принципите пред се! Квалификација а не уцена + квантификација, и престанок на малтретирање на народот посебно здравствените работници!

Има луѓе што не се продават за партиска книшка, сакаме работна книшка (и не, не сте ни малку поразлични од предецесорите ваши)”.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.