Прилепчанка во делегацијата на СДСМ на чествувањето на 151-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев

Делегација на СДСМ предводена од генералниот секретар Миле Зечевиќ – Вардарски, заедно со пратеничката Даниела Колева и членката на Извршниот одбор oд Прилеп, Ивона Кузмановиќ, се поклони пред ликот и делото на македонскиот великан Гоце Делчев.

-Гоце Делчев е еден од најзначајните македонски револуционери, национален херој чие наследство го чуваме, го почитуваме и силно го промовираме.

Визијата на Гоце за слобода, правда и еднаквост денеска е визија на социјалдемократите. Делото на великанот Делчев, кој го разбра светот како поле за културен натпревар меѓу народите, останува силен мотив за нашите сегашни и идни генерации, за развој и напредок на слободна, независна и европска држава, е пораката од генералниот секретар Миле Зечевиќ – по повод 151 година од неговото раѓање.

Нека е вечен споменот на македонскиот великан Гоце Делчев, се наведува во партиското соопштение.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.