За крајот на летото, а почетокот на есента Елена Велевска реши својата публика да ја израдува со нова песна и нов видео спот.
Песната е авторско дело на двоецот Дејан Момировски и Борче Нечовски, а за видеото го ангажираше еден од најдобрите режисери од соседна Бугарија.
Оние кои ја слушнале песната велат дека ова е позитивно изненадување и песна која е различна од се’ она кое што сме го слушнале од нејзе.
“Направив куса пауза кога е мојата авторска музика во прашање, бев во потрага по песна која е квалитетна, поинаква и песна која ќе се слуша. “Зоро моја румена„ е песна која мене ми се допадна на прво слушање и се надевам дека на ист начин ќе и се допадне на публиката. Видео спотот за песната се реализираше на локации во соседна Бугарија, зад режисерската палка задолжен беше еден од најдобрите режисери”, вели Елена.
Промоцијата на спотот би требала да се случи за недела дена, а вие следете ја Елена на социјалните мрежи како би биле информирани.