Македонија продолжува да блеска во светот на танцот, а Мила Србиноска од Прилеп, од клубот „Брејк А Лег“, е најновиот бисер на нашата танцова сцена. На Светското првенство во хип-хоп и стрит денс, што се одржа во СЦ „Борис Трајковски“, Мила ја освои титулата светски шампион во јуниорска категорија, во жестока конкуренција од 174 натпреварувачи.
Оваа победа е доказ за нејзината упорност и работа, и ќе претставува инспирација за сите млади танчери во нашата земја. Македонската репрезентација е меѓу најбројните на шампионатот, а своите учесници на првенството имаат клубовите „Брејк а Лег“, „Аква“, „Еурека“, „Битрикс“, „Ит Да Бит“ и „ Уан Веј“.
Честитки за младата девојка од Прилеп и желби за уште поголеми успеси во иднина!