Со поставување на камен темелник, денеска започнаа градежните активности за добивање на нов пешачки мост во урбанава зедница „Ѓордере“, поточно во близина на ОУ „Кире Гаврилоски – Јане“. Мостот ќе биде со челична конструкција во должина од 22 метри. Изградбата на мостот токму на овој дел, кој е најфрекфентен ќе даде ново и урбано лице на градот Прилеп. Градот Прилеп ќе добие уште два нови моста и тоа кај ООУМ „Ордан Михајлоски – Оцка“ и кај Дабнички канал. Целата оваа инвестиција чини 1.600.000 денари средства обезбедени од Буџетот на локалната самоуправа.