Прилепчани спремни за победа и обезбедување на опстанок во Супер лига – утре да ги поддржиме во што поголем број

По победите на гости кај Радовиш и дома против Скопје, ракометарите на РК Прилеп забележаа тесен пораз на гостувањето против Струга, и со 20 освоени бода го дочекуваат утрешниот натпревар, против претпоследната екипа во плеј-аут сегментот на Супер лигата, РК Јуниор од Кисела Вода.

Со триумф прилепчани со сигурност ќе го запечатат опстанокот во најелитното ракометно друштво кај нас, а за тоа ќе имаат потреба од што поголема поддршка од ракометните вљубеници.

Натпреварот против гостите од Скопје се игра со почеток од 18:30ч во спортската сала на СОУ “Ристе Ристески-Ричко”.

Да ги поддржиме нашите ракометари за на две кола до крајот на сезоната обезбедат опстанок во Супер лигата.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.