По неколку неупешни натпревари, Прилепска Победа се враќа со 3 бода од Штип. Победа ја совлада Брегалница со 3-2.
Победашите доминираа во текот на целиот натпревар. Стрелци на головите беа Шаркоски во 18 и 55 минута и Гешоски во 72 минута.
Навивачката група “Мајмуни” и денес беше 12ти играч на натпреварот и помогнаа во остварувањето на големата победа.