Цел месец грми и татни под “Маркови Кули”!
Прилепчани и вечерва излегоа во огромен број низ градските улици и ги повторија пораките кон предавниците на македонскиот народ.
“Не сакаме влада која ќе работи според странска платформа, која ќе работи на урнисување и разнебитување на националните симболи”, порачаа прилепчани на вечерашниот собир.
Граѓаните одново ги нарекоа предавници првите луѓе на СДСМ и ги повикаа поддржувачите на оваа партија да се придружат кон протестите “За заедничка Македонија”.
Пред илјадниците прилепчани говореше претставник од здружението на земјоделци “Фармер” од населеното место Мажучиште, професорката по македонски јазик Јасмина Китаноска и претставник од македонското патриотско здружение “Пере Тошев”.
Протестот во Прилеп “За заедничка Македонија” продолжува и утре со почеток од 19 часот пред споменикот “Прилепски бранители”.