Во рамките на второто коло од ракометната Супер лига, РК Прилеп му гостуваше на Охрид и загуби со резултат 33:26 (16-10 на полувремето).
Ова е втор пораз за прилепчани, откако во првото коло на домашен терен загубија и од Алкалоид.
Најдобри поединци во екипата на РК Прилеп беа дуото млади ракометари Христи Бикоски и Давор Шокоски со по 6 погодоци, а исто толку постигна и Грузиецот, Гавашелишвил Мириани.
Кај охриѓани најдобар беше Грубиќ Никола со 7 погодинати гола, а зад него со 6 беше поранешниот играч на РК Прилеп, Рустамов Казеин.
Во наредното коло прилепчани ги чека дуел со Вардар на домашен терен.