Прилепчани на првите три позиции на четвртиот шаховски ГРАНД-ПРИ турнир “Прилеп 2025”

Во просториите на Шаховскиот клуб “Прилеп”, вчера (недела, 09.11.) се одржа четвртиот шаховски ГРАНД-ПРИ турнир “Прилеп 2025”, каде старо нов шампион со 7 поени е Тони Кироски, пред двајцата првотимци на ШК Прилеп Дејан Ѓорѓиески и Кире Николоски со 6,5 поени.

Четврт со 5,5 поени беше гостинот од Охрид Иван Велкоски, а претставникот од Прилеп на штотуку завршеното Европско првенство Никола Павлески со 5 поени беше петти.

Учествуваа 17 играчи сите претенденти за прва постава на прилепските шаховски клубови.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.