Прилепчани имаат клуб за американски билјард, и не само што имаат туку се и одлични на државни, балкански и европски првенства (Фото)

Малкумина знаат дека во Македонија се одржуваат Државни првенства во Американски билјард. Првенствата се одржуваат еднаш месечно, со пауза од 3 месеци во летниот период, а натпреварувањата се одвиваат во две дивизии (А и Б).

А уште помалку луѓе знаат дека и Прилеп има свој клуб за билјард, чии членови се доста успешни на овие државни првенства. Клубот е од затворен карактер, а неговите членови се натпреваруваат не само на државно ниво, туку и на балкански и европски првенства.

Прилепчани се активни и во А и во Б дивизија, а на последното државно во американски билјард (дисциплина 9-ка), кое се одржа на 17.09., нашиот прилепчанец Никола Димески освои второ место.

Покрај Димески на натпреварот учествуваа уште тројца прилепчани: Горан Велкоски, Димитар Ѓорѓиевски и Филип Казанџиски.

Димески за влез во финалето се бореше со Димитар Ѓорѓиевски, а во финалето за противник го имаше Андреј Ѓурчиновски од Скопје.

Следниот 7-ми и последен мастерс за оваа календарска година ќе се одржи на 05.11.2022 година за Б-девизија и 06.11.2022 година за А-девизија. Истите ќе се одржат во Гран клуб во Скопје.

Во декември ќе се одржи и екипно првенство во кое ќе се такмичат екипи составени од по 3 натпреварувачи од двете дивизии.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.