Прилеп конечно доби репрезентативна продавница за шопинг, нешто што им недостасуваше како на прилепчани, така и на секој гостин во нашиот град.
Во центарот на градот, во просторот на вториот кат на трговскиот центар “Тинекс”, Sinsay ја отвори својата прва продавница во Прилеп, а осумнаесета во Македонија. Евтина и квалитетна роба, за секого по нешто, за деца, тинејџери, возрасни…
Дека прилепчани со нетрпение очекуваа нешто вакво, доказ е тоа дека во изминатите денови немаше кој не ја посети продавницата на Sinsay, а оние кои поради работните обврски не можеа да го сторат тоа, убаво е да се знае дека Sinsay ќе работи и во недела.
Па нека ова биде отворена покана до сите, како од Прилеп, така и од околните населени места и општини, да го искористат продолжениот викенд за шопинг во Sinsay.
Купувањето облека за целото семејство никогаш не било позабавно!