Со забава на отворено и со настапот на двете прилепски рап групи “Станица 048“ и „Tha Titanium“ и велешките рапери “Avtorizacija” и DJ “Popeye”, градоначалникот Ристески го отвори новиот Скејт парк.
Скејт паркот е со површина од 1331м2 и ќе може да се користи за возење на скејтборд, ролери или BMX велосипеди. Исто така просторот ќе може да се користи и за разни други културни случувања или спортски натпревари.
Внатрешноста на скејт паркот и неговата околина наскоро ќе бидат збогатени со интересни графити, а градоначалникот Марјан Ристески посочи дека овој проект е реализиран како идеја која беше предложена на денот на идеи од група млади луѓе.