Прилепчани ги бараат “Некст Тајм” на местото од Тамара за “Пивофест”

На местото од Тамара Тодевска која го откажа својот концерт за “Пивофест”, прилепчани веднаш реагираа и на социјалните мрежи направија настан преку кој одново ги бараат “Некст Тајм”.

По само еден час откако пејачката објави на својот Фејсбук профил дека ги откажува своите настапи во Прилеп и Охрид, се појави настан на кој пишува: “Некс тајм” наместо Тамара на Пивофест

Тамара Тодевска требаше да настапи како главна ѕвезда на третата фестивалска вечер на фестивалот на скарата и пивото во Прилеп, но по бурната реакција на јавноста, таа реши својот настап да го откажи.

“Почитувани, очигледната ненамерна грешка при пеењето на химната прерасна во вистински пекол за мене и моето семејство. Со оглед на тоа што не сакам да придонесувам за зголемување на нашата агонија како семејство и во интерес на смирување на целата ситуација која излезе вон контрола, решив да ги откажам концертите во Прилеп и Охрид. Се надевам дека оваа моја грешка, повторувам грешка, ќе успеете да ја надминете и дека ќе најдете начин да разберете дека е повеќе од ненамерна. Би сакала да се заблагодарам на сите што беа покрај мене во овие тешки мигови. Ниту сум била ниту ќе бидам дел од нечии политички игри, моето семејство е мој број еден приоритет и нивниот мир е на прво место при секој избор”, напиша Тамара.

Од друга страна, музичкото дуо “Некст Тајм” настапи и минатата година на “Пивофест” и направија вистински бум на фестивалската сцена.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.