Прилепчани вечерва продолжуваат за Македонија: 19 часот пред хотел “ЛИПА”, a во петок важно соопштение

dav

После Велигденските празнувања, прилепчани денес одново на протест против платформата од Тирана.

Иницијативата “За заедничка Македонија” и патриотските здруженија одново ги повикуваат сите граѓани да излезат на улиците и да го кренат гласот против обидот за рушење на унитарноста на државата и против формирање на влада која ќе работи на спроведување на платформи од туѓи држави.

Од иницијативата на својот Фејсбук профил најавуваат соопшување на важни информации и планови за наредниот период во петок.

Маршот “За заедничка Македонија” во Прилеп започнува во 19 часот пред хотелот “Липа”.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.