Прилепчанец јавно на Фејсбук напиша дека е заразен од Ковид-19: Вирусот го добив на работното место во ОЈО

Рубин Лефтер е првиот пациент со корона вирус од Прилеп кој јавно на својот Фејсбук профил напиша дека се инфицирал со вирусот. Тој вели дека вирусот го добил на своето работно место во Основното јавно обвинителство во Прилеп. За овој гест тој доби голем број пофалби на социјалните мрежи.

„Пријатели, пред неколку часа ми е соопштено дека сум позитивен на корона вирусот. Моментално сум хоспитализаран во Прилепската болница. Сите со кои имав контакт се известени од моја страна, но сакам да ги известам и останатите кои работеа во Основното јавно обвинителство во Прилеп и Основен суд во Прилеп, кои имале контакт со мене, доколку почувствуваат било какви симптоми, да се јават во Центарот за јавно здравје.

Вирусот го добив на работа при контакт со вработените во Основното јавно обвинителство во Прилеп.

Во периодот од 11 до 17 март бев на работното место, од 18 март се наоѓам во самоизолација, како и моето семејство“, вели на својот ФБ профил Рубин Лефтер.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.