На 04.04.2023 во ОВР Прилеп, 31-годишен прилепчанец пријавил дека бил измамен од Б.И. од с.Ропотово за сума од 1.000 евра.
Според пријавеното, на 29.11.2022 тие се договориле да му го продаде неговото патничко моторно возило „опел вектра“ за наведената сума, а Б.И. да му го исплати до 15.01.2023.
Како што е пријавено, до моментот на пријавување Б.И. не му ги дал парите и се посомневал дека е измамен.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот – информираат во полицискиот билтен на МВР.