Прилепчанец им го попречил патот со возило на брачен пар, па ги нападнал со остар предмет

Последниот полициски билтен на Министерството за внатрешни работи бележи повеќе случаи од црната хроника во Прилеп, при што против три лица се поднесени кривични пријави за различни кривични дела.

СВР Битола поднесе кривична пријава против А.А. (22) од Прилеп поради сомнение за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. При претрес извршен во февруари 2026 година во неговиот дом и помошни простории, биле пронајдени и одземени марихуана, амфетамин и таблети.

ОВР Прилеп, пак, поднесе кривична пријава против Ј.А. (67) од Прилеп за „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“. При претрес во викенд куќа што повремено ја користел пријавениот, извршен на 03.09.2025 година, биле пронајдени и одземени ловечки карабин и воздушна пушка.

Во третиот случај, СВР Битола поднесе кривична пријава против М.К. (20) од Прилеп поради сомнение за „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“. Според информациите, на 20.12.2025 година во Прилеп, пријавениот со патничко возило го попречил патот на друго возило во кое се наоѓале двајца сопружници, при што им се заканувал со остар предмет.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.