Вчера околу 17 часот во Полициска станица Прилеп, Н.С. (39) од Прилеп, пријавил дека истиот ден околу 16 часот во село Прилепец, прилепско во дворот на манастирот „Св. Никола“, С.К., физички го нападнал неговиот брат Т.С. од Прилеп, нанесувајќи му повреди во пределот на главата.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.