Прилепчанец во друштво на големи ракометни имиња во Хрватска: Соколески меѓу тренерите на кампот за голмани во Омиш

Тренерот на голманите во македонскиот ракометен шампион Еурофарм Пелистер, како и на голманите во ракометната репрезентација, прилепчанецот Ице Соколески, е во Омиш, Хрватска, каде учествува како ментор на кампот за ракометни голмани.

Кампот се одржува по 13-ти пат, а Соколески е таму во друштво на големи ракометни имиња како голманите Андреас Вулф и Филип Ивиќ, и членовите на тренерскиот штаб на кампот, Харис Поробиќ, Примож Прости Дино Шпиранец.

Соколески веќе неколку години е дел од стручниот штаб на битолчани, а со неговата работа и ангажираност, со сигурност даде голем придонес во освојувањето на шампионската титула во македонската Супер лига.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.