-На 21.02.2026 во 19:00 часот на ул. „Орде Чопела“ во Прилеп полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода Г.Д. од Прилеп. Имено, при контрола во сообраќајот полициските службеници сопреле патничко возило „форд ” со прилепско регистарски ознаки управувано од Г.Д. при што констатирано било дека истиот го управува возилото под дејство на алкохол, односно измерени му биле 2.68 промили алкохол во крвта. По документирање на настанот ќе следува соодветна пријава за „безобѕирно управување на возило” казниво по чл.297-а од кривичен Законик, информираат од ОВР Прилеп.
























