Македонските патриотски здруженија на Пере Тошев (Прилеп), Андон Ќосето (Велес) и Тодор Александорв (Битола) ќе учествуваат во акцијата за да собереме што е можно повеќе финансиски средства за ова семејство.
Организаторот на акцијата Јане Ченто најави и дека за оваа цел ќе бидат посетени и директорите на различните институции, кои ќе бидат „убаво замолени“ да дадат доброволен прилог. Потоа и граѓаните кои ќе сакаат да донираат.
Ченто вели дека повеќе вакви работи не смеат да се случуваат, а воедно испрати и апел до Министерството за Труд и Социјална политика, Агенцијата за вработување да изнајдат начин и да му помогнат на семејството.