Во неделата на 14.03.2021, во Хотел “Александар Палас” во Скопје, се одржа изборно собрание на ППФМ, на кое од вкупно со право на глас 34, присутни беа 30 делегати. Се бираа претседател, потпретседател и органи на пингпонгарската федерација на Македонија.
Прилепските клубови Младост96, Младост и Полиоспорт дадоа 3 делегати, кои придонесоа за изборот на органите на федерацијата.
Досегашното раководство на чело со претседателот Горан Тиловски и потпретседателот Златко Рикалоски, повторно со огромен број на гласови ја добија довербата на присутните делегати, за нов четиригодишен мандат.
Овој избор е плод на досегашното домаќинско работење на федерацијата, каде клубовите го искажаа своето задоволство од начинот на кој се води самата федерација, и планот кој беше презентиран од претседателот Г.Тиловски.
Една од најавените работи на раководството е и изградба на сопствена сала, каде сите репрезентативни селекции би имале свој дом за тренирање и напредок.
На изборното собрание како гости беа претставниците на АМС г-дин Огнен Стојановски и Генералниот секретар на МОК г-дин Сашо Поповски.