Прилепчанецот Марјан Радески од Тетово се пресели во Струмица и ќе го носи дресот на Академија Пандев

Марјан Радески кој досега настапуваше за Шкендија го засили нападот на Академија Пандев.

25-годишниот сениорски репрезентативец на Македонија пред два дена потпиша договор со Академија Пандев и се приклучи на подготовките за новата сезона.

Еден од најдобрите напаѓачи во домашното првенство кој подеднакво добро игра и на крилните позиции, доаѓа како големо засилување за тимот на Горан Пандев.

Радески претходно во кариерата освен за Шкендија, настапуваше уште за Металург и 11 Октомври Прилеп.

Од новиот клуб на Радески му посакаа топло добредојде.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.