Прилепчанецот Димитриоски до врв ја наполни мрежата на Тиквеш

Ракометарите на Вардар како домаќини на четвртфиналната група од Купот на Македонија, без проблеми се пласираа во финалето од групата откако со 42-24 (21-12) го победија Тиквеш од Кавадарци.

Иако вардарци настапија без шестмина играчи, за тренерот Стевче Алушовски тоа беше можност да им даде шанса на оние што помалку играат во мечевите од ЛШ и од СЕХА лигата.

Најдобри стрелци на натпреварот беа прилепчанецот Димитар Димитриоски со десет погодоци и Јагуриновски со девет, а за Тиквеш, Симиќ постигна 11 погодоци.

Подоцна Вардар се пласираше на Ф4 турнирот во Купот на Македонија, откако „црвено-црните“ го освоија првото место во својата четвртфинална група, совладувајќи го во финалниот меч Радовиш со 35-32 (19-13).

Фото: Денис Дуковски / РК Вардар1961




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.