Прилепчанецот Горан Кузманоски ќе биде играч-тренер во Одорхеи до крајот на сезоната

dasaddsa

Еден од македонските интернационалци со најдолг стаж во Романија, средниот бек на Одорхеи, Горан Кузманоски е назначен за привремен играч-тренер на романскиот прволигаш до крајот на тековната сезона. Откако минатата недела Одорхеи изненадувачки беше елиминиран во плеј-офот од Доброгеа Суд на Ангеловски и Ракчевиќ, тренерот Влад Чаба си поднесе оставка.

Човекот кој седум години го носи дресот на Одорхеи ја доби улогата играч-тренер во последната фаза од сезоната и натпреварот против Калараши за петтото место во романскиот шампионат.

„Тука сум седум години, имам одличен однос со челниците на клубот и добив понуда да помогнам во последната фаза од оваа сезона како привремето тренерско решение.  Затоа прифатив да помогнам за двата преостанати натпревари. За следната сезона ќе биде ангажиран нов тренер, а со оглед на тоа што добив понуда да играм во Одорхеи и во наредната сезона, најверојатно ќе ја прифатам и ќе останам“, изјави за Gol, Кузманоски.

Горан Кузманоски во Одорхеи ја дели соблекувалната со уште двајца Македонци, Гоце Ојлески и Милорад Кукоски.

Извор: ГОЛ.МК




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.