Од прилепски 11 Октромври и Победа, преку Металург до Хонка во финската премиер лига, Давор Талески го задржа приматот златно момче од Прилеп.
Талески во зимскиот преоден рок оваа година потпиша за финскиот прволигаш Хонка, каде има договор во траење од една година со можност истиот да биде продолжен на уште една.
За него беше заинтересиран и финскиот Лахти, на крајот Давор заврши во Хонка каде одлично ја оправдува довербата.
Неговиот тим сезонава го освои четвртото место, а огромна улога за тоа имаа неговите блескави одбрани.