Прилепското денс студио New Generation со одличен настап на Светското првенство во Полска

Танц студиото New Generation успешно го претстави Прилеп и Македонија на 23-то Светско првенство во модерни танци, одржано во Полска под покровителство на Светската интернационална федерација (IDF). Настанот беше вистински празник на танцот, кој собра на едно место врвни танчери од целиот свет и блескава енергија на професионализам и креативност.

Ивана Богојевска постигна одличен резултат, освојувајќи 6. место во дисциплината стрит денс, во силна конкуренција на најдобрите финалисти од светот.

Оливер Богојевски беше дел од меѓународното жири на натпреварот, судејќи во категориите хип-хоп, стрит, фантази и други модерни танци. За својата посветеност и професионализам, тој доби признание за најдобар судија на Светското првенство, како и награда за тимска работа со своите колеги од жирито.

Овој исклучителен успех претставува нова страница во историјата на студиото и горд момент за Прилеп и Македонија.

New Generation уште еднаш докажа дека страста, трудот и љубовта кон танцот се патот до светски успеси!




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.