Прилепчанката Маријана Ѓорѓиевска и член на планинарскиот клуб “Maмути”, го совлада својот најнов предизвик и се искачи на Цугшпитце (2,962м) највисоката планина во Германија.
“Единственото сонце кое ме грееше и ми даваше сила. После 18 часа јака ферата и дожд…2962 мнв!”, напиша Маријана на својот Фејсбук профил после најновиот потфат кој успешно го совлада.
Цугшпитце е највисокиот скијачки центар во Германија, а е позната по трите прекрасни глечери. Планината е покриена со снег цели 6 месеци во годината, а покрај за скијачи е атрактивна и за сите вљубеници во природата. Искачувањето на највисоката точка пружа 360 степени панорама и прекрасно зајдисонце. Планината е позната и по највисоката црква во Германија која се наоѓа таму, а изобилуваат и планински ресторани кои пружаат дополнително задоволство.
Додека ја чекаме Маријана да си дојде дома и да ни ја раскаже целата авантура ќе потсетиме дека истата девојка во август минатата година се искачи на највисокиот врв во Франција, Монблан, а меѓу позначајните авантури ќе ги спомниме и оние за освојување на врвовите на Олимп, како и освојувањето на Елбрус, највисокиот врв во Европа.